Русија соопшти дека соборила седум украински проектили над Курск

7bccff4b-05a1-4acc-96e5-51bd641bc96c.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Седум украински проектили и седум беспилотни летала се уништени во текот на ноќта над областа Курск, изјави гувернерот на руската област која граничи со Украина.


Нашите ловци за противвоздушна одбрана синоќа одбија напад на украинските вооружени сили“, напиша регионалниот гувернер на Курск Алексеј Смирнов на својот канал на Телеграм.

Тој не соопшти повеќе детали.

Руското Министерство за одбрана во утринскиот извештај објави дека се уништени вкупно 23 украински беспилотни летала над руска територија. Министерството во своето соопштение не спомна проектили.

Прорускиот воен аналитичар Роман Аљохин на Телеграм изјави дека Курск во текот на ноќта бил подложен на масовен напад од ракети од странско производство.

„Беше многу гласно и имаше многу (проектили)“, рече тој.

Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите. Се наведува и дека не е јасно какво оружје користела Украина и дека нема моментален коментар од Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK