Механичар пукал кон муштерија по расправија околу поправка на автомобил во Гостивар

pukanje-koli-majstor-logo.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вербална расправија околу поправка на автомобил заврши со пукање во Гостивар.


Механичар во текот на вчерашниот ден, со пиштол кој го поседувал без дозвола, пукал кон муштерија кој дошол во неговата продавница за автомобилски делови за да го поправи возилото.

Се’ почнало со расправија меѓу нив, по што муштеријата го турнал механичарот кон возилото со цел да го натера да му го поправи. Но, инцидентот допрва почнал. Мајсторот револтиран влегол во куќата. Го зел пиштолот и испукал проектил кон оштетениот. Не го погодил, а куршумот завршил во вратата на возилото.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Тој се товари за убиство во обид, како и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK