Тајлен Блондо ја доби титулата „најубаво девојче на светот“ пред 17 години. Тогаш имаше само шест години, а на јавноста и беше веќе позната бидејќи на четири години стана модел на Жан Пол Готје. Кога наполни 10 години, таа била најмладата манекенка која некогаш се појавила во Vogue. Едиторијалот предизвика контроверзии, бидејќи таа беше многу нашминкана и облечена во краток фустан.
Денес, Тајлен е 23-годишна девојка која ги носела моделите на модните ревии за Долче и Габана, Лореал Париз, Версаче, Ралф Лорен и Хуго Бос и се дружела со познати личности како Барбара Палвин и Зендаја.
View this post on Instagram
Кога имала 16 години, потпишала договор со IGM Models, модна агенција која соработувала со многу познати личности како Алекса Чунг, Бела Хадид и Хејли Бибер. Освен што изгради успешна кариера како модел во светот на модата, Тајлен има и доста голем број следбеници на социјалните мрежи – седум милиони луѓе ја следат на Инстаграм.
View this post on Instagram
Во интервју за Телеграф во 2018 година, таа откри дека не била свесна за нејзината светска популарност кога била помлада. „Луѓето ми велеа дека сум најубавото девојче на светот, а јас си помислив: „Не сум, само сакам да си играм со мојот iPad“, изјави Тајлен.
View this post on Instagram
„И денес ми го кажуваат истото, а јас се уште тврдам дека сум обична девојка, тинејџерка“, додаде тогаш таа. Истата година, таа лансираше свој моден бренд Heaven May, а според Unilad, не е познато дали нејзината модна линија сè уште постои бидејќи ништо не е објавено на нејзиниот официјален Инстаграм од 2019 година.
Од 2020 година е во врска со францускиот актер Бен Атал. Двојката неколку пати е видена заедно во јавноста, но деталите од врската ги кријат од јавноста.
View this post on Instagram
Во февруари минатата година го привлече вниманието на модната недела во Милано. Таа носеше ревија за брендот Diesel, а на модната писта се појави во бел топ и светкаво широко здолниште. Таа носеше и впечатлива сива чанта.