За десет месеци низ регулаторниот филтер поминале 254 барања од приватни инвеститори за лиценци за нови фотоволтаични централи

Fotovoltaici-na-OOU-Kiro-Gligorov-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од јануари заклучно со 31 октомври Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) има издадено лиценци за нови фотоволтаични централи со вкупно инсталирана моќност од скоро 272 MW.


Согласно податоците на РКЕ за десет месеци низ регулаторниот филтер поминати се вкупно 254 барања од приватни инвеститори кои ја имаат комплетирано потребната документација и за кои се издадени лиценци за нови фотоволтаични централи за производство на електрична енергија од обновливи извори.

РКЕ согласно Законот за енергетика во своја надлежност издава лиценци и носи одлуки за менување, пренесување, продолжување, суспендирање, одземање и престанок на лиценци за вршење на одделни дејности од областа на енергетиката како и за издавање на привремени лиценци и лиценци за пробна работа.

РКЕ водејќи се од начелото на транспарентност, достапност и јавност има изготвено обрасци за сите приватни инвеститори во кои се наведени потребните документи со цел да се поедностави процесот во доставување на комплетни барања за добивање на соодветна лиценца.

Инаку, РКЕ во 2023 година има издадено лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 399 MW, додека во 2022 година се издадени лиценци за 152,2 MW.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK