Кремљ: Специјалната телефонска линија со САД во моментов не е во употреба

Moskva.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Специјалната телефонска линија поставена за смирување на кризите меѓу САД и Русија во моментов не се користи, соопшти Кремљ.


Тензиите дополнително се зголемија откако Русија вчера ја промени својата нуклеарна доктрина. Тоа се смета за одговор на Бајден да и даде зелено светло на Украина да користи американски ракети за да нападне длабоко во Русија.

Вчера Украина почна да користи оружје за удар на руска територија, истрелајќи шест ракети АТАКМС. Американско-руската „Жешка линија“ беше воспоставена во 1963 година за да се намалат погрешните перцепции што ја поттикнаа кубанската ракетна криза во 1962 година.

„Имаме специјална безбедна линија за комуникација меѓу двајцата претседатели, Русија и САД. Освен тоа, дури и за видео комуникација“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за државната новинска агенција ТАСС.

Но, на прашањето дали овој канал моментално се користи, тој одговори: „Не“. Руските дипломати предупредија дека кризата сега е споредлива со кубанската ракетна криза, кога двете велесили беа најблиску до нуклеарна војна.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK