Фотоизложба „Што носеше кога сама си го бараше?“

Постер-за-изложба.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фотоизложбата „Што носеше кога сама си го бараше?“ на Види Вака во соработка со фотографката Ерина П. Богоева ќе биде отворена на 21 ноември во 19 часот во Кинотеката на Македонија и ќе биде поставена до 25 ноември.


Фотоизложбата „Што носеше кога сама си го бараше?“ ги пренесува приказните на 15 жени кои гласно и храбро раскажаа за сексуалното вознемирување и насилство со кое се соочиле во својот живот.

Со неа се испраќа јасна порака: Никоја „сама не си го бара!“. Со обвинување на жртвата се ставаме на страната на насилникот.

Вкупно 45% од жените во Македонија се изјаснуваат дека доживеале психичко, физичко или сексуално насилство од интимен партнер од нивна 15-годишна возраст. Десет проценти од жените кои некогаш имале партнер велат дека доживеале физичко насилство, додека 3% жени велат дека доживеале сексуално насилство. Дополнително 30% од жените доживеале сексуално вознемирување.

Оваа изложба е иницирана од Види Вака како одговор на големиот број на фемициди, психичко, физичко и сексуално насилство и вознемирување врз жените. Медиумот ја повика јавноста да учествува во кампања за подигнување на свеста за овој проблем, резултирајќи со 15 дела на фотографката Ерина П. Богоева.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK