Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година


IMG-f41b558695e8b55d947b48a0870a4794-V.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

После Нова година ќе излеземе со условите и начинот на кој младите брачни двојки ќе можат по поволни услови да учестуваат на проектот “Купи куќа за млади”, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.


„Сакам да најавам дека од следната година, ќе почнеме да го развиваме проектот “Купи куќа за млади” кој што треба да овозможи на многу млади брачни двојки да се стекнат со сопствен дом по исклучително поволни услови. Затоа ги спремаме плановите и после Нова година ќе излеземе со конкретни предлози во кои општини ќе може тоа да се реализира и на кој начин ќе можат младите брачни двојки да добијат подршка и помош за сопствен дом” -изјави Николоски.

Тој денеска се обрати на настанот во организација на Сојузот на стопански комори поврзан со иновативни решенија за паметни домови.

„Иновативните предлози значат забрзување на стопанскиот и економскиот раст. Дополнително има уште еден сегмент кој се однесува на дуалното образование и мислам дека тоа е клуч за генерациите што доаѓаат и нешто што треба да даде нова можност за македонската економија. Тука ги вклучуваме и иновативните решенија во однос на начинот на градење и изведба на објекти. Ние како Влада стоиме на располагање со цел да дадеме подршка на вакви иницијативи“, истакна Николоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

(Видео) Стојаноски: Пред почеток на учебната година Владата со конкретни мерки ги поддржува семејствата, ранци, тетратки, пенкала, моливи, боици по пониски цени Почитувани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки кои директно значат грижа и поддршка за граѓаните и за семејниот буџет. Во таа насока со почетокот и на оваа нова учебна година Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор, мерка која ќе трае заклучно со 30-ти септември годинава. Со одлуката трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10%. Истовремено трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување на цените од најмалку 15%. Ова е конкретна и директна поддршка за семејствата во период кога родителите имаат зголемени трошоци за подготовка на своите деца за новата учебна година. За семејствата со повеќе од еден ученик ова ќе значителна помош и заштеда на семејните буџети. Мерката опфаќа широк спектар производи. Практично се што им е потребно на учениците за учебната година ќе можат да го набават со намалени цени почнувајќи од ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелинни, теста за моделирање, фломастери, линијари и дидактички материјали, како и многу други производи неопходни за почетокот на учебната година. Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е јасна. Родителите да можат да го обезбедат потребниот училишен прибор за своите деца по пониски и попристапни цени. Ова е трета година по ред каде што пред почетокот на учебната година Владата воведува училишна кошничка со единствена цел да им го олесни месец септември на родителите и семејствата, да ги заштеди семејните буџети и да го заштити животниот стандард на граѓаните. Септември и почетокот на учебната година треба да биде момент на среќа и убаво расположение како на учениците што се враќаат во училишните клупи, така и за родителите кои треба да ги подготват своите деца со сите потребни материјали за на училиште, а не моменти на грижа и на стрес како да се намерат трошоците. Токму затоа Владата продолжува со политики кои носат конкретна корист за граѓаните и директно придонесуваат за заштита на животниот стандард.