Без аргументи ДПМНЕ не го одбрани расипничкиот буџет во комисијата, затоа е нервозата кај Стојановски, велат од СДСМ

sdsm4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Седницата на Комисијата за финансирање покажа дека ДПМНЕ нема аргументи и не може да го одбрани предложениот расипнички и гломазен Буџет кој освен нови долгови врз грбот на народот не нуди развој на економијата ниту покачување на платите, истакнуваат од СДСМ.


Затоа, како што оценуваат, има голема нервоза кај пратениците на ДПМНЕ.

„За власта набавката на службени возила е поважна од зголемување на платите. Парите за службени коли се зголемени за 75% додека велат нема пари за поголема минималната плата за работниците.

Ги кратат капиталните расходи во клучни сектори како образование и здравство кои се витални за квалитетен живот на граѓаните. За Мицкоски и ДПМНЕ услугите се поважни од здравјето на граѓаните, од образованието на младите.

Власта ги намалува парите за енергетиката, нема државни проекти за модернизација на енергетските капацитети или нови инвестиции во енергетската ефикасност. Средствата за гасификација се речиси преполовени, додека за енергетска трансформација нема ништо

Мицкоски најавува гасна когенеративна централа за да се намали загадувањето а во Буџетот нема пари за тоа“, додаваат од опозициската партија.

Според СДСМ, власта е фатена и како прекршува Закон, Буџетскиот дефицит е поставен на 4% од БДП, што директно го нарушува Законот за буџетите.

Од оваа партија оценуваат дека фискалната политика на власта води кон уништување на финансиската стабилност на земјата.

„Владата само ќе ја задолжува државата, ќе товари нови вработувања во администрацијата, ќе го зголемува долгот, ќе си троши на стоки и услуги, а за граѓаните ќе нема ништо

ДПМНЕ нека си ја контролира нервозата, СДСМ ќе продолжи да ги изнесува аргументите во јавноста и во Собраниет и да се спротивставува на погрешните политики“, се наведува во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK