Израелскиот министер за одбрана: Нема да се согласиме на примирје додека Хезболах не се разоружа

izrael-kac.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за одбрана на Израел, рече дека нема да се согласи на каков било прекин на огнот во Либан се’ додека не се обезбеди целосно разоружување на Хезболах и движењето не се повлече северно од реката Литани или додека на жителите на северен Израел не им биде дозволено да се вратат во своите домови.


„Ние нема да се согласиме на никакво примирје и нема да дозволиме никакви договори кои не вклучуваат постигнување на воени цели – и пред сè, право на Израел е самостојно да дејствува против терористичките активности“, изјави Израел Кац за време на неговата прва посета на Северната команда.

„Терористичката инфраструктура се урива во Бејрут – ќе продолжиме да го гаѓаме Хезболах насекаде“, додаде министерот.

Израелската армија во средата ги нападна јужните предградија на Бејрут под контрола на милитантното движење втор ден по ред. Во исто време, Либан ги чека најновите предлози на Вашингтон за прекин на огнот, откако американски претставник изрази надеж дека може да се постигне примирје.

Повеќе од седум недели од почетокот на израелската офанзива врз Либан, во последните напади беа срамнети со земја неколку згради во бејрутското предградие Дахија и загинаа шест лица во село јужно од главниот град.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK