Николау: Работиме на исполнување на нето „0“ емисии на CO2 до 2050 година

Foto_1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Се обврзавме кон исполнување на целта за нето „0“ емисии на CO2 до 2050 година, со детален план на активности во кој секоја година напредуваме и како групација и како компанија“, рече Константинос Николау, главен извршен директор на ТИТАН УСЈЕ во интервју за Блумберг Адриа.

Николау ги истакнува неколкуте области во кои ТИТАН УСЈЕ веќе значајно го намалува јаглеродниот отпечаток од своето делување – „Произведуваме цементи со редуциран CO2, кои веќе се прифатени на пазарот, ја зголемивме енергетската ефикасност во производството, вложивме во проекти за обновливи извори на енергија, оперативно и со позитивни ефекти врз животната средина го оптимизиравме производството преку дигитализација и употреба на вештачка интелигенција, имплементиравме сериозна инвестиција во процес на користење на алтернативни горива кои се помалку енергетски интензивни, го намалуваат влијанието врз животната средина и се решение на големиот проблем на депонирање на отпадот“, истакна Константинос Николау во интервјуто за Блумберг Адриа.


 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK