Уапсен висок полициски службеник во Шпанија: милиони евра скриени во ѕидовите на куќата

Screenshot-2024-11-13-130128.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шпанската полиција го уапси поранешниот висок полицаец Оскар Санчез Гил, откако во ѕидовите и таваните на неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра.


Полицијата ги пронашла парите при рација во неговата куќа во градот Алкала де Енарес, кој се наоѓа на 30 километри источно од Мадрид, објави Гардијан.

Исто така, во канцеларијата на Санчез Гил биле пронајдени милион евра, скриени во два заклучени плакари, во банкноти од 50 до 500 евра. Санчез Гил и неговата партнерка се обвинети за трговија со дрога, перење пари, корупција и членство во криминална организација.

По појавувањето на судот во Мадрид минатата недела, на двајцата им беше одреден притвор. Санчез Гил, кој до неодамна беше началник на одделот за борба против измами и перење пари на шпанската полиција во Мадрид, беше уапсен заедно со уште 15 лица, меѓу кои и неговата партнерка, која исто така е полицаец во Мадрид.

Истрагата е поврзана со заплената на 13 тони кокаин, кој беше запленет минатиот месец во пристаништето Алгесирас на југот на Шпанија.

Кокаинот, кој бил скриен во кутии со банани, пристигнал од Гвајакил, најголемиот град во Еквадор, кој е познат како центар на трговијата со дрога.

Според информациите од истрагата, Санчез Гил бил под сомнеж од неговите колеги, кои го прислушувале неговиот телефон.

Официјални извори наведуваат дека тој бил осомничен дека најмалку пет години работел за дилери на дрога и дека им давал информации за надзор на контејнерите во шпанските пристаништа, што им овозможило да ги избегнат контролите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK