Илјадници луѓе се евакуирани од своите домови во регионот Коста дел Сол на југот на Шпанија, откако беше прогласен црвен аларм поради екстремни врнежи и поплави.
Шпанската агенција за цивилна заштита синоќа испрати масовно предупредување на телефоните во провинцијата Малага, предупредувајќи на „екстремен ризик од дожд“, пишува Би-би-си.
Областа, вклучувајќи ги и популарните туристички одморалишта како Марбела, Велез и Естепона, се очекува да биде најмногу погодена од новиот временски феномен познат како „Дана“.