Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера спроведоа вонредни контроли на операторите со храна во Крива Паланка.
Нештетно се уништени педесетина килограми небезбедна храна, информираат од агенцијата.
„За утврдени недоследности пуштање во промет на небезбедна и недекларирана храна ( подготовки од месо) на маркет од овој град издадено му е решение и прекршочен платен налог, а како небезбедни уништени се 15, 6 килограми од посочените производи.
За пласирање на небезбедни производи кои не биле декларирани, решение и прекршочен платен налог издадени се и на гостилница. Таа продавала недекларирани димени производи, замрзнати колбаси и плуподготвена замрзната храна. Како небезбедни, по потекло од овој оператор со храна, нештетно се уништени 30 килограми храна од животинско потекло.
Парична казна изречена и е и на гостилница кај која со контролата е утврдено дека не поседувала санитарни книшки за извршени задолжителни здравствени прегледи на вработените.
Недоследности не се утврдени при спроведени инспекциски контроли кај пицерија и две месарници во овој град“, соопшти агенцијата.