Индексот на квалитетот на воздухот во Индија надмина 1.000, смог и магла во главниот град

1-12.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новиот бран на загадување во Њу Делхи утринава достигна алармантни нивоа со индексот на квалитетот на воздухот над 1.000, соопшти швајцарската компанија за мерење на квалитетот на воздухот IQAir.


Загадувањето ја намали видливоста во многу делови од градот, додека ситуацијата на аеродромите стана критична, со можни доцнења на летовите, објави Ројтерс.

Според IQAir, концентрацијата на ПМ2,5 честичките, кои се толку мали што можат да навлезат во човечките бели дробови и да предизвикаат сериозни болести, е 120 пати поголема од препорачаните нивоа на Светската здравствена организација.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK