Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба, кој неодамна предизвика загриженост поради тоа што се појави поспано за време на седница на парламентот, денеска беше повторно подложен на лекарски преглед, втор пат во последните пет дена.
Сепак, портпаролот на јапонската влада Јошимаса Хајаши ги отфрли шпекулациите за здравствените проблеми на јапонскиот премиер, тврдејќи дека сè е во ред, пренесе Kyodo.
Хајаши на прес-конференција изјави дека Ишиба бил подложен на преглед во медицинска установа во Токио, кој траел околу 30 минути и дека „ништо нема да влијае на неговите службени должности“.