Тирана: Средба на министрите Муртезани и Хасани – зајакнување на регионалната стабилност преку заеднички пристап во справување со предизвиците од европската агенда

thumbnail_IMG-20241111-WA0007.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за европски прашања на Република Северна Македонија, Орхан Муртезани, денеска во Тирана оствари средба со министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Игли Хасани. Оваа средба ја рефлектира зајакнатата билатерална посветеност за напредување на интегративниот пат кон ЕУ на двете пријателски земји.


Во тој контекст, најнапред Муртезани упати честитки до албанскиот колега за неодамна одржаната втора Меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што го започнува преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја, според ревидираната методологија за проширување, со отворање на преговорите по Кластерот 1 – „Темели“. Воедно, тој ја потенцираше подготвеноста на Северна Македонија за отпочнување на преговорите до крајот на годината, што би бил дополнителен импулс за континуитет на заедничките напори во пробивот на европскиот пат.

Министрите Муртезани и Хасани го реафирмираа традиционалното пријателство и блиските билатерални односи и разговараа за интензивирање на дипломатските врски и зајакнување на регионалната стабилност преку заеднички пристап во справување со предизвиците од европската агенда.
Тие ја нагласија важноста на регионалната солидарност во овој процес, како и заедничката решеност на Северна Македонија и Албанија да ги испорачаат потребните реформи кои се во согласност со европските стандарди. Министерот Муртезани посочи дека соработката на реформските агенди преку развивање заеднички планови за работа за клучните области овозможува поголема ефикасност и интензивирање на реформските процеси за двете земји.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK