Српскиот претседател Александар Вучиќ телефонски разговараше со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
„Одличен разговор со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп. Срдечен и значаен. Верувам во посилно партнерство со САД под водство на претседателот Трамп“, напиша Вучиќ на Инстаграм.
„Ја искористив можноста да продолжиме да ги подобруваме нашите односи во сите сфери, изразив надеж дека тој ќе ја посети Србија.
Тој се заблагодари за огромната поддршка што ја доби од граѓаните на Србија и српскиот народ и верувам дека ќе можеме да продолжиме да ги подобруваме нашите односи.
View this post on Instagram
„Дури зборуваше и за постигнатите успеси на нашата нација и нашата земја“, вели Вучиќ во видеото што го објави на Инстаграм.