Советот за национална безбедност на Израел ги советуваше Израелците во странство да не присуствуваат на големи спортски и културни настани оваа недела поради инциденти пред и по натпреварот Ајакс-Макаби Тел Авив на 7 ноември во Амстердам, главниот град на Холандија, јавува Анадолија.
Во соопштението од Советот, Израелците беа повикани да се држат настрана од протестите во странство, да не го откриваат својот израелски и еврејски идентитет и да избегнуваат големи спортски и културни настани оваа недела.
Околу 4.000 полицајци и жандарми ќе бидат мобилизирани за натпреварот од Лигата на нации меѓу Франција и Израел.
Хаотични сцени избувнаа во Амстердам доцна во четвртокот кога приврзаниците на израелскиот фудбалски клуб Макаби Тел Авив предизвикаа насилство на улиците на холандскиот град со рушење на палестинските знамиња од приватен имот и извикување навредливи слогани.
Инцидентите се случиле пред и по натпреварот Макаби против Ајакс, а медиумите јавуваат дека израелските навивачи се судриле со минувачите, вандализирале имот и палеле палестински знамиња.
Навивачите на Макаби од Тел Авив организираа произраелски протести на плоштадот Дам пред натпреварот, палејќи факели и извикувајќи слогани.