МВР информира дека две деца денес исчезнале, па биле пронајдени од граѓани – едното во близина на Народната банка, а другото на Бит Пазар.
Денеска во 11.50 часот на улицата Стефан Цветковиќ во Скопје, во близина на Народна банка, од граѓанин е пронајдено машко дете на возраст од четири години, кое било со тротинет и кое не зборувало.
„Околу 14.30 часот детето било пријавено за исчезнато во Полициската станица Чаир и набргу потоа во Полициската станица Центар е предадено на родителите“, велат од МВР.
Исто така, денеска, на Бит Пазар од граѓани било пронајдено петгодишно девојче кое потоа било однесено во градинката Фидани од каде го зела мајката.