ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „ОХРИДСКИ ЛЕТОПИС“ ОД ПАВЛЕ МИТРЕСКИ И ДИМИТАР СМИЛЕСКИ

Promocija-kniga-7-Noemvri-202420141108001.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамките на чествувањата на Денот на ослободувањето на Охрид, денес беше промовирана книгата „Охридски летопис“ на авторите проф. д-р Павле Митрески и м-р Димитар Смилески.

Промотор на книгата беше новинарот и публицист Мишо Китаноски, кој во оваа прилика истакна дека делото на Митрески и Смилески претставува своевидна Охридска енциклопедија, на најзначајните појави, настани и личности од формирањето на Охрид во антиката до независноста на Македонија. Книгата според Китаноски има концизна содржина,  лесно е читлива и прифатлива за пошироката публика и ќе биде драгоцена за идните истражувачи на богатото минато на Охрид.


Делото беше поддржано од Општина Охрид со годишната програма на Секторот за култура.

 

 

 

 

 

The post ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „ОХРИДСКИ ЛЕТОПИС“ ОД ПАВЛЕ МИТРЕСКИ И ДИМИТАР СМИЛЕСКИ first appeared on Ohrid.gov.mk.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK