Лукашенко: Трамп не размислува само за својата иднина, туку и за иднината на своите деца

Lukasenko.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека се надева оти со победата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп на претседателските избори во САД нешто ќе се промени бидејќи тој „се бори за иднината на своите деца“.


Лукашенко оцени дека кога на власт се луѓе без искуство, тоа е една работа, а „кога луѓето немаат деца, тоа е катастрофа“, пренесува РИА Новости.

„Трамп има големо семејство, деца. Трамп ја има нашата Меланија, која цврсто го држи во раце. Тоа што има семејство и деца е голема работа. Тој не размислува само за својата иднина, туку и за иднината на своите деца“, рече Лукашенко.

Трамп, освојувајќи го вториот мандат на изборите во вторникот, стана првиот американски претседател од 19 век кој се вратил во Белата куќа по четиригодишна пауза, пишува медиумот.

Републиканецот Трамп ја победи демократката Камала Харис, освојувајќи ги потребните 270 електорски гласови.

Според најновите проекции на АП, Трамп освоил 295 електорски гласови, а Камала Харис 226 електорски гласови.

Харис беше критикувана од републиканците за време на изборната кампања бидејќи нема биолошки деца.

Одговарајќи на овие наводи, таа рече дека „ова веќе не се педесеттите години од минатиот век“.

Таа, исто така, ги нарече лоши и злонамерни коментарите на републиканскиот потпретседателски кандидат Џеј Ди Венс за „дамите без деца кои чуваат мачки“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK