Концерт на Женскиот младински хор при МКЦ Скопје во Крива Паланка

465721140_948854510610388_2094118393748313677_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 9 ноември (сабота), со почеток во 19, 30 часот, во Градската црква „Свети Великомаченик Димитриј“ во Крива Паланка, ќе се одржи концерт на Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар од Скопје.


На програма се дела од Џовани Пјерлуиџи Палестрина, Стеван Мокрањац , Костанзо Феста, Тодор Скаловски, Драган Шуплевски, Боб Чилкот , Арон Харолд, Кирил Македонски и дела на анонимни автори.

Концертот ќе се одржи под диригентство на маестро Сашко Татарчевски, кој веќе ја има освоено светската сцена со своето маестрално раководење хорови и оркестри, освоил бројни награди и е дел од интернационални жири комисии на музички натпревари.

Женскиот младински хор е формиран во 1972 година и во своето 50-годишно опстојување е еден од најпрепознатливите хорови со богат и разновиден репертоар. Освоил многу домашни и меѓународни награди и признанија, промовирајќи се во вистински културен амбасадот на Македонија. Остварил бројни меѓународни турнеи , а само во последната декада се издвојуваат турнејата низ Нормандија, пехарот на натпреварот „Бохуслав Мартину“ во Чешка, две први награди на натпреварот во Петриња, Хрватска, првото место во категоријата камерни женски хорови на европските хорски игри во Грац, златна диплома и две специјални награди на натпреварот Ливиу Борлан“ во Романија, две први награди и три специјални награди на меѓународниот хорски натпревар „Вратиславија сакра“ во Вроцлав, две први места, специјална награда и GRAND PRIX на младинскиот хорски натпревар во Братислава, прва награда на натпреварот „Варсовиа кантат“на музичката академија „Фредерик Шопен“ во Варшава и други.

Концертот е дел од манифестацијата „Есенски музички вибрации“ и дел од програмата на „Крива Паланка – Град на културата 2024 “.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK