Утре (8 ноември), од Културно-уметничката програмата за одбележување на Општинскиот празник – 7 Ноември, следува целовечерен Концерт на Градскиот мешан хор „Гортинија“ од Гевгелија.
Под диригентската палка на м-р по музичка уметност, Илија Атанасов, Градскиот мешан хор „Гортинија“, во Народниот театар- Гевгелија, ќе се претстави со репертоар- музички дела наменети за хорско пеење од: Скаловски, Хрисиќ, Шуплевски, Лековски, Прокопиев, Спировски, Прошев, Манчев и Бадев. Концертот ќе започе во 19:00 часот, а влезот е слободен.