Продадени 11 градежни парцели за домување во станбени куќи на „Моински пат“ и „Караорман“

karaorman15.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По спроведеното електронско јавно наддавање, од објавените 12 градежни парцели за домување во станбени објекти во општина Гевгелија, беа продадени 11, односно за 1 парцела немаше јавно наддавање.

Имено, по објавениот јавен повик, на спроведеното електронско јавно наддавање се пријавиле 27 понудувачи, кои учествуваа во наддавањето на парцелите. По наддавањето, беа продадени 3 градежни парцели за домување во станбени куќи на м.в. „Моински пат“, со постигната цена од 71 до 1.850 денари за метар квадратен. Исто така, беа продадени 8 градежни парцели во станбената населба „Караорман“ во Гевгелија, со постигната цена од 81 до 504 денари за метар квадратен. Не е продадена градежната парцела за домување во станбени згради на м.в. „Пазар“.


Врз основа на одредбите од Законот за градежно земјиште, понудувачите во рок од три дена од одржаното јавно наддавање имаат право да поднесат приговор. Доколку нема поднесено приговори постапката за отуѓување на предметното градежно земјиште ќе продолжи согласно Законот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK