Ботас и Џоу го напуштаат Заубер, покрај Хулкенберг доаѓа и Бортолето

Untitled-1-11.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Валтери Ботас и Гуанју Џоу следната сезона нема да возат за тимот на Заубер во Формула 1.


Матијас Биното, новиот тимски шеф на Заубер/Ауди, им се заблагодари на двајцата возачи.

„Во разговорот со Валтери заклучивме дека е време за промена. Вратата на нашата куќа секогаш ќе биде отворена за него како и за Џоу“, изјави Биното.

И Ботас и Џоу му се приклучија на тимот во 2022 година. Сезонава Заубер се уште нема освоено ниту еден бод во првенството.

Веќе е договорено Нико Хулкенберг да биде дел од тимот од следната сезона, додека Габриел Бортолето, шампионот во Формула 3 и актуелен лидер во шампионатот во Формула 2, ќе го заземе второто празно место.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK