Реномираниот изборен аналитичар и прогнозатор Нејт Силвер ја објави својата конечна изборна прогноза. Според неговите симулации, Камала Харис ќе победи на изборите во САД пред Доналд Трамп. Но, резултатот е толку тесен што поблиску не може да биде.
„Харис освои 40.012 од 80.000, или 50.015% од симулациите“, напиша Силвер на Твитер.
It’s published.
We ran 80,000 simulations tonight.
Harris won in 40,012.https://t.co/vsGVG189Sa
— Nate Silver (@NateSilver538) November 5, 2024
Нејт Силвер е американски статистичар, аналитичар и новинар познат по неговата способност точно да предвидува политички избори и спортски настани. Затоа некои го нарекуваат „гуру на прогнозирањето“.
Тој е основач и главен уредник на FiveThirtyEight, веб-страница која комбинира анализа на податоци со новинарство за да ги предвиди трендовите и исходите во политиката, економијата и спортот.
Тој стана широко познат кога точно ги предвиде резултатите од претседателските избори во САД во 2008 и 2012 година користејќи софистицирани статистички модели.