Трамп штотуку го заврши митингот во арената Ван Андел во Гранд Рапидс, Мичиген. Неговиот последен митинг донесе враќање на главните теми на неговата кампања – економијата и имиграцијата.
Тој повтори некои од неговите предизборни ветувања, вклучително и дека сака смртна казна за секој мигрант кој ќе убие службеник на законот или американски државјанин.
Поранешниот претседател, исто така, помина голем дел од својот говор критикувајќи ги Камала Харис и Џо Бајден и нивните политики во изминатите четири години, но ја истакна својата амбиција „да го реши секој проблем со кој се соочува Америка“.
„Мислам дека ќе постигнеме одличен резултат“, изјави тој пред публиката. Мислам дека ќе победиме во Мичиген“.
На крајот од митингот на сцената му се придружија и неговите деца.
„Конечно, со вашиот глас, ќе ја собориме Камала и ќе ја спасиме Америка. Ќе ви ги намалиме даноците и инфлацијата, ќе ги намалиме цените, ќе ги зголемиме платите и ќе вратиме илјадници фабрики назад во Америка и назад во Мичиген, а многу од тоа ќе се случи со мојот омилен збор – царина“, рече тој, по што доби аплауз од публиката.