Познати дами прошетаа на црвениот тепих, Ким Кардашијан носеше ѓердан на принцезата Дијана

Screenshot-2024-11-04-110719.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Лос Анџелес се одржа 13-тата хуманитарна LACMA Art + Film Gala на која присуствуваа многу познати жени. На црвениот тепих прошетаа Ким Кардашијан, Блејк Лајвли, Емили Ратајковски и многу други ѕвезди. Главен спонзор на настанот беше Гучи, па познатите дами најмногу носеа нивна интересна облека.


Ким Кардашијан ги воодушеви сите присутни во тесен бел фустан со длабоко деколте што ја истакнуваше нејзината фигура. Изгледот го заокружила со бисерни ѓердани и ланче со крст, што, како што пишува Дејли Меил, го носела принцезата Дијана на хуманитарен гала настан во 1987 година. Ким го купила на аукција за околу 180.000 евра.

Блејк Лајвли прошета на црвениот тепих и исто така привлече внимание со впечатлив фустан. Таа се појави во краток златен фустан со долга портокалова наметка. Ѕвездата на филмот It Ends With Us избра светло розеви сандали со висока потпетица и незабележителна шминка.

Американскиот модел, актерка и претприемач Емили Ратајковски е позната по својот смел моден стил, кој го покажа и овој пат. Таа, исто така, основаше свој моден бренд Inamorata, кој промовира самодоверба и слобода на изразување преку модата.

На галата се појави и Каја Гербер, ќерката на светски познатиот модел од 90-тите Синди Крафорд. Виторија Серети, девојката на Леонардо ди Каприо и манекенката и актерка Кара Делевињ воодушевија со своите комбинации на овој настан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK