Ноември- Месец на машкото здравје и подигање на свеста за ракот на простата

465008294_525890843700502_633776919556790293_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Movember или Ноември- Месецот на машкото здравје е кампања што трае еден месец и ги поттикнува мажите да ги пуштат растејќи своите мустаќи и да се вклучат во активности за подигнување на свесноста за здравјето на мажите. Целта е да се отстрани стигмата кај мажите при нивните здравствени проблеми (простата, тестиси, дебело црево), да се иницираат разговори со нив и да се промовира рана детекција и интервенција.
Ризикот од развивање рак на простатата се зголемува со возраста, но тоа не значи дека е болест што влијае само на постарите мажи. Обично, се развива по 50. година. Ракот на простатата е втор најчест рак кај мажите во светот. Мажите на 45-годишна возраст со семејна историја (брат или татко со рак на простатата) имаат 2,5 пати поголема веројатност да развијат рак на простатата.

Мажите треба отворено да разговараат со своите лекари!


Сигнали и симптоми за рак на простата:
– потреба за често мокрење, особено ноќе;
– тешкотии при започнување на мокрењето или задржување на урината;
– слаб или прекинат тек на урината;
– болно мокрење или печење при мокрење;
– тешкотии при постигнување ерекција;
– болна ејакулација;
– крв во урината или семената течност;
– честа болка или вкочанетост во долниот дел на грбот, колковите или горните делови на бутовите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK