Погребот на Лиам е најавен за следната недела, телото наскоро ќе пристигне во Велика Британија

liam-pejn.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Како што пренесуваат британските медиуми, погребот на Лиам Пејн ќе се одржи следната недела, а телото на поранешниот член на One Direction ќе биде пренесено назад во Велика Британија.


Најдоцна до среда телото на Лиам треба да биде во Велика Британија, а погребот во Св. Павле во Вулверхемптон, пренесува The Sun.

Телото на Лиам беше привремено сместено на британските гробишта во Буенос Аирес два дена по неговата смрт, додека локалните власти спроведуваа истрага за околностите на неговиот пад. Овие гробишта биле основани од британската заедница во Аргентина во 19 век за да обезбеди место за погребување на нивните членови.

Јавноста и фановите на One Direction неодамна беа погодени од веста за смртта на Лиам Пејн. Британскиот пејач почина во Буенос Аирес. Тој беше пронајден мртов пред хотелот Каса Сур во луксузниот кварт Палермо, откако падна од третиот кат. Тој починал на местото на настанот од повеќе повреди, меѓу кои и фрактура на черепот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK