Фудбалерите на Тотенхем со пресврт славеа во дуелот со Астон Вила. Во рамките на 10.коло, Тотенхем ја победи Вила со 4:1 (0:1).
Гостите почнаа добро. Поведоа во 32. минута со голот на Морган Роџерс по корнер. На голот му претходеше гужва во шеснаесетникот на Тотенхем, Роџерс се „турна“ во голманот Викарио, но судијата Крег Паусон не сметаше дека има прекршок во таа ситуација, не реагираа ниту од ВАР собата.
Во второто полувреме избраниците на Анге Постекоглу одиграа брилијантно и буквално ја растурија Вила.
Тотенхем израмни на самиот почеток од вториот дел по заспаната реакција на гостинската одбрана, капитенот Сон успеа да упати остар центаршут од левата страна, топката на втората статива ја чекаше Бренан Џонсон ја внесе во мрежата.
Пресврт со два гола во интервал од четири минути направи, Доминик Соланке. Напаѓачот искористи две добри акции на својот тим.
Конечниот резултат го постави Џејмс Медисон од одлично изведен слободен удар во 90+6. минута.
Во следното коло Тотенхем повторно е домаќин, овојпат против Ипсвич, додека Астон Вила ја чека ново гостување и ново дерби против Ливерпул на Енфилд.