Македонецот Васко Саздовски е меѓу загинатите во Нови Сад

677z381_Tan2024-11-0116194080_2-obrusavanje-nadstresnica-zeleznicka-stanica-novi-sad.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Меѓу загинатите на Железничката станица во Нови Сад, каде што бетонскиот покрив се урна од зградата на станицата, се наоѓаше и Васко Саздовски од Македонија.


Според информации на „Политика“, овој 45-годишен научник работел во Институтот „Биосенс“ во Нови Сад, каде што се истражуваат и развиваат информатички технологии за земјоделството. Директорот на „Биосенс“, Владимир Црнојевиќ, ја потврдиle веста за „Политика“.

Денеска е прогласен Ден на жалост во Србија, поради загинувањето на 14 лица врз кои се урна кровната конструкција на Железничката станица во Нови Сад.

Меѓу загинатите е и еден македонски државјанин, идентификуван како Васко Саздовски – возраста не е позната, јавуваат српските медиуми.

Бетонската конструкција на станицата се урна вчера пред пладне, усмртувајќи 14 лица и тешко повредувајќи уште тројца.

Одлуката за прогласување Ден на жалост во цела Србија ја потпиша премиерот Милош Вучевиќ.

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, прогласи тридневна жалост во градот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK