Спасенo 14-годишно девојче во Нови Сад: спасувачите четири часа се бореле за нејзиниот живот и ја извлекле од урнатините на железничката станица

c4224ed0-ccb8-4468-b5ac-1b3a4817d8e3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од урнатините на стариот дел на Железничката станица во Нови Сад е извлечено 14-годишно девојче, пренесуваат медиумите во соседството.


На терен биле и полицајци, пожарникари, итната помош, багери и 4 часа се бореле за нејзиниот живот.

При уривање на стариот влезен дел на Железничката станица во Нови Сад, како што соопшти потпретседателот на Владата на Република Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, загинаа осум лица.

Тој изјави дека се извлечени осум тела на загинатите во несреќата на Железничката станица во Нови Сад кога се урнал дел од настрешницата.

„Веднаш по добивањето на повикот, за неколку минути спасувачите беа тука, како што сте сведоци и сега, неколку часа подоцна, акцијата за спасување е во тек. Исклучително е тешко и во него учествуваат близу 80 пожарникари-спасувачи од повеќе градови, со помош на тешка механизација, не само од МВР, туку и од градските комунални претпријатија, јавните претпријатија, па дури и приватните фирми“, рече Дачиќ.

Дачиќ, кој беше на местото на настанот заедно со премиерот Милош Вучевиќ, процени дека спасувачката акција ќе трае уште неколку часа.

„Од урнатините се извлечени осум тела, две лица се во болница и преживеале, иако состојбата на едното е доста сериозна. Имаме контакт со две лица под урнатините и работиме да ги извадиме од урнатините“, рече Дачиќ.

Им се заблагодари на сите јавни и комунални служби од Нови Сад кои излегоа да помогнат во механизацијата, како и на итните служби и здравствените установи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK