СДСМ: Дурмиши не бил во маркет, граѓаните „заштедиле“ 57 денари за еден месец

sdsm-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со голема помпа најавуваната мерка на владата на Мицкоски за замрзнување на цените граѓаните не ја почувствуваа дека воопшто постоеше. Единствено граѓаните почувствуваа само разочарување. Симболични 57 денари, ете толку била заштедата на граѓаните за еден месец, велат од СДСМ.


„Дурмиши очигледно не бил во маркет, не ги видел цените дека нема намалување и дека најголемиот дел од производите останаа со исти цени. Тоа што само за неколку производи се намалија цените со незначителни суми е најголема потврда за неефикасната мерка, која беше лошо осмислена и им дозволи на трговците прво да ги зголемат цените пред да стапи на сила. Нереалните трошоци кои ги имаат граѓаните заради слабите политики на Владата на Мицкоски и нереалните цени се товар семејствата и родителите секој ден“, посочуваат  од СДСМ.

Бидејќи власта не планира да преземе конкретни и реални мерки СДСМ како што вели, ќе поднесе закон за вистинско намалување на цените.

„Нема да дозволиме нашите граѓани да бидат жртви на празни ветувања и политички манипулации“, завршуваат од партијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK