Невреме предизвика поплави и лизгање на земјиштето во југозападна Норвешка, уште една европска земја погодена од екстремни временски настани, јавуваат локалните медиуми.
Врнежите утринава се намалени, изјави метеорологот Џули Солсвик за телевизијата НРК, додавајќи дека предупредувањата за поплави и лизгање на земјиште се уште се во сила.
Според полицијата, засега нема пријавени исчезнати или повредени поради невремето.
Extreme rainfall in Norway: A whole town is isolated, flooding collapses a bridge https://t.co/jBAJ87382r pic.twitter.com/fARKop6zKD
— Nordic News (@Nordic_News) October 31, 2024
„Ситуацијата е драматична“
Пристапот до градот Ода, каде живеат околу 5.000 луѓе, на околу 60 километри југоисточно од Берген, беше блокиран утринава откако се урна мост. Сите останати пристапни патишта до градот беа затворени поради невремето.
Градоначалникот Одда ја опиша ситуацијата како „драматична“ за новинската агенција НТБ вчера вечер. Подрумот што му припаѓа на историскиот хотел Уленсванг северно од Ода бил поплавен во текот на ноќта, јави НРК. Се вели дека во подрумот на хотелот се чуваат бројни антиквитети и уметнички дела.
Невремето во Норвешка следи по разорните поплави во Шпанија оваа недела, во кои загинаа речиси 160 луѓе, а десетици се уште се водат како исчезнати.