Влезниот дел на Железничката станица денеска се урна во Нови Сад, а се верува дека има повредени.
Голем број екипи на брза помош, полиција и пожарникари се на терен, пишува Независне.
Според првичните информации до несреќата дошло кога се урнале столбовите што ја потпираат бетонската конструкција на фасадата на железничката станица.
Дел од српските медиуми јавуваат дека станува дел за стариот дел од натсетршницата, кој не бил опфатен со реновирањето.
Во јули заврши реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад, односно нејзината централна сала со шалтери.
View this post on Instagram
Пред отворањето на брзата пруга од Белград до Нови Сад, делумно беше реновирана железничката зграда на станицата во Нови Сад, кога беше поставен лифт кој ги поврзува холот и пероните на станицата, потсетува „Н1“.