Со тест-возење, промовиран електричен автобус во Гевгелија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

            Општина Гевгелија е една од општините што се вклучени во иницијативата на „АутоМакедонија“ АД Скопје и својата определба за поддршка на електричната мобилност. За таа цел, во Гевгелија беше организираше промотивен тест возење со електричен автобус ISUZU Novociti VOLT.

            Целта на активноста е преку практична презентација на електричниот автобус на улиците во градот Гевгелија, граѓаните и Општината да добијат претстава за можностите што ги нуди овој еколошки автобус и неговите предности: 0% емисии на штетни гасови, ниска бучава, удобност и заштеда на гориво.


            Исто така, електричниот автобус се презентираше и во дворот на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, пред учениците од Машинската струка и беа запознати со можностите што овој еколошки автобус ги нуди.

Видео

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK