Најавата за stand-up настапот на Сашко Коцев во Гевгелија предизвика голeм интерес кај гевгеличани, за што во само неколку дена беа распродадени картите колку што има седечки капацитет Народниот театар- Гевгелија. Благодарение на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, Сашко Коцев со своето stand-up „Широк дијафазон“ успеа да ја насмее до солзи присутната публика и да ѝ го задржи вниманието со неговата харизма и смисла за хумор полни два часа- со збор и глума за аномалиите во општеството, машко-женските односи и неговото лично постоење и опкружување.
Гевгеличани си заминаа дома задоволни по неговиот настап, инспириран од секојдневието. Поради големиот интерес, Гевгелија го очекува Сашко по вторпат да блесне на сцената во Народниот театар со „Широк дијафазон“.
Стендапот e резултат на соработката со Македонски народен театар и Халкбанка, по шестгодишното паузирање на Коцев од последниот целовечерен стендап- настап.