Почина тригодишното дете кое беше застрелано во Грција

brza-pomos-grcija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Детето (3) кое утрово беше застрелано во Грција, починало и покрај напорите на лекарите. Смртта била констатирана набргу по пристигнувањето во болница.


Престрелката во која учествувале повеќе лица се случила утрово во Маркопулос.

Според неофицијални информации, во престрелката учествувале патници од два автомобили. Наводно, еден од автомобилите застанал до друго возило, во кое имало и дете, и од засега непозната причина почнале да пукаат. Најмалку еден куршум завршил во детето.

Полициски извор изјави дека на местото на злосторството биле пронајдени повеќе од 20 чаури.

Детето се здобило со прострелна рана во главата, а неговите роднини брзо го однеле тешко рането во најблискиот здравствен дом. Оттаму детето со возило на Брзата помош било префрлено во детската болница.

По приемот детето не давало знаци на живот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK