Утрово, по долга борба со ракот, во 6:40 почина македонскиот естраден новинар Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци.
Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговиот пријател и соработник Стефан Лазаров.
За жал ова утро во 6:40 почина Зоран Василевски. По долга борба со ракот тој не успеа. Македонија изгуби новинар, другар, човек кој знаеше да помага на сите.
Сочувство до фамилијата и блиските.
Погребот ќе биде утре, а каде и кога ќе ве известам.
Те сакам пријателе, секогаш ќе се сеќавам на тебе и на твојата насмевка. Многу ќе ми фалиш😭
Напиша Лазаров.