Џенифер Лопез се налути откако фановите и поставија прашање за Диди

Screenshot-2024-11-01-062949.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Џенифер Лопез беше на проекцијата на филмот Unstoppable минатиот викенд, а претходно истата вечер потпишуваше автограми за луѓето што присуствуваа на настанот.


Според Дејли Мејл, во еден момент еден обожавател ја прашал: „Имате ли коментари за Диди и обвинувањата против него?“. Познатата пејачка наводно многу се налутила на ова прашање.

Странските медиуми наведуваат дека после тоа таа престанала да дава автограми и ја напуштила просторијата со своето обезбедување, додека некои обожаватели ја молеле да не си оди. Сепак, таа не сакаше да се врати и замина без да одговори на прашање за претходната врска со Диди.

Џенифер Лопез и уапсениот музички магнат ја започнаа својата врска во 1999 година, а раскинаа во 2001 година. Пејачката и актерка изминатите неколку години имаше само добри зборови за Пи Диди. Во интервју за Access Hollywood во 2014 година, таа рече дека тој „ѝ дал водство и ја научил на многу работи“ и дека „сè уште има многу взаемна почит и восхит“ меѓу нив.

Тие беа уапсени заедно во 1999 година, по пукање во ноќен клуб. По инцидентот тие го напуштиле местото на настанот, а потоа бегале од полицијата.

Кога биле запрени, полицијата во автомобилот пронашла украден пиштол. Обвиненијата против Џенифер беа отфрлени во текот на ноќта, но Шон Комбс и пријателот кој беше со нив, Џамал ​​Бароу, отидоа на судење. Тогаш Диди беше ослободен од сите обвиненија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK