Клоп за Рамос: Типови како него сум бркал од моите тимови

afp_en_5b7e5fabbb24bd59adbfc2a3a41f5cb53c5abdcd.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јирген Клоп гостуваше во подкастот на Тони Крос, до неодамна менаџерот на Ливерпул зборуваше за легендата на Реал, Серхио Рамос. Клоп искрено кажа дека како личност Рамос не му се допаѓа.


Глобален шеф на фудбалот во Ред Бул, Јирген Клоп, не го заборава финалето на Лигата на шампионите во 2018 година во кое го предводеше тимот на Ливерпул против Реал и го загуби натпреварот (3:1 . Според многумина, потегот на Рамос во првиот дел го решил победникот. Тогаш, според многумина со намера, Рамос го повреди најдобриот играч на Ливерпул, Мохамед Салах.

„Ако погледнете повторно, а не сте навивач на Реал, ќе видите дека тоа беше непромислено и брутално. Ако ги ставите сите постапки на Рамос на куп, а јас гледам фудбал од пет годишна возраст, ќе видите што направи“, рече Клоп и додаде: „Требаше таа ситуација подобро да се погледна. Сигурен сум дека Мо немаше да биде повреден во слична ситуација. Не сум сигурен дека нешто слично повторно ќе видиме. Рамос со лакт го удри голманот, со боречки зафат исфрли прптивник, а потоа излезе како победник од натпреварот. Рамос кажа многу работи што не ми се допаднаа. Не ми се допаѓаат неговите реакции“, рече Клоп и дополни.

„Дали навистина е добар човек? Не го разбирам тој менталитет, никогаш не сум тренирал такви играчи. Кога ги имав, се погрижив да си заминат”, откри Клоп.

„Серхио е добар соиграч“, одговори Крос и додаде дека не се согласува со сите потези на шпанскиот стопер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK