Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека нуклеарното оружје мора да се отстрани од евроазиската територија за да се деескалираат тензиите во светот.
„Прво, за вистинска деескалација и почеток на дијалог, неопходно е да се отстрани американското нуклеарно оружје од територијата на Евроазија“, рече Лукашенко на Втората меѓународна конференција за евроазиска безбедност во Минск, пренесува агенцијата Белта.
Според него, на второ место е елиминирањето на практиката на воведување незаконски санкции без одлука на Советот за безбедност на ОН.