Од јулското невреме во општина Гевгелија, утврдена штета во износ од 38.544.970 денари

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дождот и градот што на 2 јули 2024 година ги зафати населените места: Гевгелија, Милетково, Миравци, Габрово и Петрово предизвика штети на 69.5544 хектари со различни земјоделски култури и посеви. Вкупната штета на ниво на Општина Гевгелија изнесува 38.544.970 денари.

Според Елаборатот за проценка на штетите што го изготви Општинската комисија за процена и утврдување на штети од елементарни непогоди, а што го усвои Советот на Општина Гевгелија на својата 49. седница, пријави за штети од јулското невреме пријавиле 84 физички и правни лица, од кои 84 индивидуални земјоделци и 4 правни лица. Оштетувањата се движат од 30 до 100%, а најголеми штети се предизвикани на лозовите насади.


Советот на Општина Гевгелија, по усвојувањето на Елаборатот, заклучи истиот да се достави до Републичката комисија за процена и утврдување на штети од елементарни непогоди, до Владата на РМ и до Министерствата за финансии и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK