Следните 20 дена МОН чека забелешки за законот за учебници кој обврската за доставување до 1 септември ја префрла на издавачките куќи

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Предлог-закон за учебници во основното и средното образование на Министерството за образование (МОН) е поставен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР). Дваесет дена ќе биде отворен за сугестии и забелешки од граѓаните и од експертската јавност.


„ Новината е што овој пат им даваме можност на издавачките куќи да учествуваат со веќе подготвени учебници кои потоа во процедура на избор, одобрување од Бирото, рецензија од Националната комисија би  биле избрани и обврската за печатење се префрла на издавачките куќи кои со договор ќе бидат обврзани да ги достават учебниците до први септември. Тоа е новината иако постапките кои се почнати досега ќе продолжат по старите постапки затоа што ни е обврска да ги завршиме“, вели министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Искуството од првата година со префрлените обврски на издавачките куќи министерката вели дека ќе покаже дали повеќето постапки за учебниците ќе можат да се префрлат. Со новиот начин на обезбедување на учебниците Јаневска очекува и подобар квалитет, но и ефикасност за да не се повтори на први септември да нема учебници.

Јаневска за почетокот на оваа учебна година успеа да ги обезбеди сите учебници освен оние за странски јазици, па учениците петта година по ред ја почнаа учебната година без нив. Набавката на учебниците по странски јазици, вредна половина милијарда денари, министерката најави дека ќе ја направи најдоцна во јануари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK