EУ ни забележува за носењето на закони по скратена постапка, Гаши вели дека Собранието е подготвено за уставни измени

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Собранието е подготвено за уставните измени, потребна е само политичка волја, истакна собранискиот спикер Африм Гаши, откако го доби Извештајот на ЕК за работата на сите институции во државата.


„Собранието во смисла на процедурата е подготвено во секое време тоа да го отпочне. Но, за да отпочне тој процес треба политичка волја и договор за да имаме јасна перцепција, за да не почнеме нешто што нема да ни успее. Во однос на Собранието, службите и процедурата ние сме спремни. Се надеваме дека што побргу ќе дојдеме до тој политички договор за да се отпочне тој процес. Јас би сакал тоа да биде што побрзо затоа што навистина мислам дека е од стратешко значење да ги започнеме преговорите што побргу и да станеме полноправна членка на ЕУ“, подвлече Гаши.

Оценката за работата на Собранието во Извештајот како што рече е позитивна и бележи мал напредок, но има забелешки за носењето на законите по скратена постапка.

„Имавме препорака каде се нотира дека Собранието не го злоупотребува повеќе европското знаме но дека ни се повторуваат скратените постапки. За жал на почетокот на нашиот мандат заради новиот Закон за управа и работа на Владата, повеќето од законите кои беа по скратена постапка беа заради усогласување на имиња на институци и министерства. Затоа да кажеме дека на почеток имаме малку разбирање но јас правам максимални напори со сите партии и пратеници, но и со Владата и министрите ги убедуваме да не предлагаат закони по скратена постапка затоа што нема смисла и во насока на временските рокови. Ние многу често закажуваме седници, има предвидливост во седниците, така што дали три дена порано или подоцна не се добива многу на време. Ги убедуваме министрите повеќето или сите закони да ги предлагаат по редовна постапка“, изјави Гаши.

Најави дека со новиот Деловник ќе има и нов начин на пратенички прашања.

„Да, по новиот Деловник освен редовните пратенички прашања е воведен нов механизам, нов институт. Тоа се опозициски пратенички прашања кои ќе бидат поставувани во текот на месецот на редовните седници два часа откако ќе се усвои дневниот ред. Ќе се поставуваат пратенички прашања од опозициските политички партии кон власта, кон избраните членови кои се избираат во Собрание, рече Гаши.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK