Џенифер Анистон откри за кого гласала на изборите во САД: „Да ставиме крај на ерата на хаосот“

Screenshot-2024-10-31-111650.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Актерката Џенифер Анистон на Инстаграм откри дека гласала на претседателските избори во САД. Американците имаат можност да гласаат пред закажаниот изборен ден. Тие можат да гласаат од далечина, на пример по пошта или лично.


Џенифер ја изрази својата поддршка кон Камала Харис.

View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

„Денес не гласав само за пристап до здравствена заштита, репродуктивна слобода, за еднакви права, безбедни училишта и правична економија, туку и за разум и човечка пристојност. Запомнете дека вашиот глас е важен кој и да сте и каде и да живеете. Вашиот глас е важен“, ја започна таа својата објава на Инстаграм.

„Знам дека не се согласуваме за се и тоа е убавината на оваа земја, но не ви е доста од оваа негативност меѓу нас? Заплашување и постојани закани до оние кои не размислуваат исто како другите? Ајде да ја завршиме оваа ера на страв, хаос и напади врз нашата демократија и да гласаме за некој што ќе не обедини, а нема да се заканува“, додаде таа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK