„Има само еден услов“: Бен Афлек подготвен за нова врска

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бен Афлек е подготвен за состаноци и нова врска по разделбата со Џенифер Лопез, изјавиле за Дејли Мејл извори блиски до 52-годишниот актер. За ова има еден услов – ќе излегува само со жени кои се трезни, со оглед на тоа дека во минатото имал проблеми со алкохолот.


„Бен не се откажал од врските и конечно се чувствува подготвен да продолжи напред и повторно да почне да излегува. Нема да навлегува во ништо сериозно додека не се финализира разводот, но тоа не значи дека не може да излегува”, кажал изворот.

„Тој само сака да излезе со некој кој е трезен. Изминатите две години беа тешки за Бен и кога почнува да закрепнува, едно е многу јасно: неговото закрепнување е на прво место“, додаде тој.

Претходно беше познато дека Бен добил терапија и дека во неколку наврати се откажал од алкохол. На тој чекор првпат се одлучил во 2001 година, а во март 2017 година објавил дека завршил со лекувањето од оваа зависност.

„Завршив со лекувањето, се соочив со ова во минатото и ќе продолжам да се соочувам“, напиша тогаш тој на својот Фејсбук.

„Сакам да го живеам животот во потполност и да бидам најдобриот татко што можам да бидам. Сакам моите деца да знаат дека не е срам да добивате помош кога ви е потребна и да бидам извор на сила за секој на кој му треба помош, но се плашам да го направам првиот чекор. Имам среќа што ја имам љубовта на семејството и пријателите.

На крајот на август 2018 година, по наговор на неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер, тој повторно заврши во центар за рехабилитација. Џенифер и уште една жена биле снимени како пристигнуваат во замокот на Афлек во Калифорнија, а потоа, како што пишува TMZ, Бен решил да го прифати мислењето на неговата поранешна сопруга дека му треба помош и со автомобил се упатиле директно до центар за лекување.

Неколку дена пред интервенцијата, на интернет се појавија фотографии на кои се гледаат големи кутии со алкохол, вклучувајќи виски и пиво, испорачани на негова адреса. Се вели дека ова е последната капка за Џенифер, која решила да му помогне.

Неодамна, актерот беше виден како излегува од центар за рехабилитација во Калифорнија. Судејќи по фотографиите, тој беше видно расположен. Некои странски медиуми шпекулираат дека тој дошол само за да им даде поддршка на луѓето кои се борат со разни зависности.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK