Двата хороскопски знаци кои најмногу „кукаат“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Некои луѓе имаат тенденција да се жалат многу, без оглед на ситуацијата. Тешко им е да се справат со секојдневните предизвици без да изразат незадоволство. Се чини дека е виновна астрологијата. Според ѕвездите, таквите луѓе се родени во овие хороскопски знаци.


Рак
Раковите се вистински мајстори за кукање бидејќи се водени од нивниот длабок емотивен свет. Кога нешто не е во ред, не можат да го премолчат – ќе кажат сè, до последниот детал. Раковите често се чувствуваат погрешно разбрани, па нивното кукање доаѓа од потребата за емоционална потврда. Доколку почувствуваат дека некој не ги прегрнал доволно, добро е да се подготват за приказната за нивното несреќно утро и лошото расположение кое продолжило до вечерта.

Девица
Нивниот радар за неправилности никогаш не спие, па доаѓа природното кукање. „Дали видовте како некој ги склопил тие книги? Катастрофа!“ – ова е класична реченица на Девица. Нивната желба за совршенство ги наведува да се жалат на се што не е совршено, а во овој свет, знаеме, совршено не постои. Девиците често кукаат затоа што сакаат сè под контрола, а кога работите ќе излезат од контрола, на нивните поплаки им нема крај.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK