(Видео) Два гола на Миовски, Џирона убедливо победи во Купот на кралот

0941e094-7d71-411a-82ab-ddbbf4302871_16-9-discover-aspect-ratio_default_0.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски конечно го „скрши“ мразот во дресот на Џирона. Постигна два гола во победата над Екстрамадура во Купот на кралот.


Џирона победи со 4:0, а Миовски го постигна вториот во 58. и третиот гол во 62.минута за Џирона. Каталонскиот тим по првиот дел имаше предност со голот на Брајан Хил.

Конечниот резултат го постави Мартинез во 76. минута.

Миовски во летниот преоден рок за осум милиони евра од Абердин се пресели во Џирона.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK